Интер доживеа срам и од Монца (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер и петти натпревар во низа не успеаја да стигнат до победа во домашниот шампионат, откако вечерва загубија на домашен терен (0-1) од Монца во последниот меч од денешната прогарама од 30. коло во Серија А.

Иако избраниците на Симоне Инзаги имаа посед и голем број шанси не успеаја да го начнат голот на противникот, па на крајот мораше стигна и казната. Победничкиот погодок за Монца го постигна Калдирола во 71. минута.

„Нероаѕурите“ во мислите веќе се во реванш дуелот против Бенфика од четвртфиналето во Лигата на шампионите, а на „Џузепе Меаца“ ќе се обидат да ја одбранат предноста од 0-2 од првиот натпревар одигран на „Луж“ во Лисабон.

Inter Milan 0 – [1] Monza – Luca Caldirola 78’
by u/Golovking in soccer

 

Се вчитува...