Бостон прелесно до водство против Атланта (ВИДЕО)

По Филаделфија 76 и Бостон Селтикс ја оправда фаворитската улога и поведе со 1-0 во Источната конфереција откако ја прегази Атланта Хоукс на домашен терен во „Ти-ди гарден“ со убедливи 112-99.

„Детелинките“ уште во првото полувреме ги разрешија сите дилеми околу победникот, откако на пауза заминаа со предност од триесет поени (74-44). Во второто полувреме само рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 112-99.

Џејлен Браун со 29 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Дехуанте Мареј постигна 24 поени.

Се вчитува...