Сакраменто стави крај на постот од 17 години без плеј-оф, а по првиот натпревар од осминафиналната серија против Голден Стејт во Западната Конференција стигна и до предност од 1-0 славејќи со 126-123. Во драматичната завршница Кари имаше шут за продолжение, но не успеа да погоди за големо славје на домашните навивачи.
Фокс и Монк беа лидери на Кингс со 38 поени и 5 асистенции, односно 32 поени и 3 скока, додека Кари беше првото име кај гостите со 30 поени и 6 скока.
Њујорк поведе со 1-0 во осминафиналната серија против Кливленд од Источната конференција славејќи со 97-101.
До „брејк“ Никс ги предводеа Брансон со 27 поени, 2 скока и 2 асистенции и Рендл со дабл-дабл од 19 поени и 10 скока, додека кај домашниот тим се истакна Мичел со 38 поени, 8 асистенции и 5 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА