Расте незадоволството во Барселона: Седум играчи не сакаат ни да слушнат за помала плата

Финансиските проблеми се уште ја тресат Барселона, а се очекуваат уште потешки денови за шпанскиот гигант. Покрај актуелните потешкотии допрва доаѓаат и оние кои ќе бидат предизвикани од преселбата на помал стадион за реновинарањето на „Камп Ноу“ што ќе резултира со помал приход од влезници.

Со цел справување со ситуацијата каталонците веќе подготвиле план за колективно намалување на платите, но наидоа на големо незадоволство кај ѕвездите во клубот.

Имено, и покрај тоа што играчите кои се дел од тимот подолго време се согласиле на помала плата, оние кои го засилија гигантот претходното лето не гледаат смисла во планот. Тие веќе се согласиле на одреден договор при потписот со тимот и немаат намера да ги намалат своите примања.

Не се споменуваат конкретни имиња, но списокот на играчи кои го засилија тимот во летниот преоден рок е познат. Тоа се: Роберт Левандовски, Рафиња, Франк Кеси, Пабло Торе, Андреас Кристенсен, Џулс Кунде и Маркос Алонсо.

Се вчитува...