Интер ја продлабочи кризата во италијанското првенство откако во натпреварот од 30. коло загуби на домашен терен од Монца со 1-0. За „нероаѕурите“ тоа е најголем неуспех во историјата бидејќи и претходните два натпревара на домашен терен завршија со минимален пораз при непостигнат гол.
Тренерот Симоне Инзаги не го криеше незадоволството од поразот, а причината за лошата игра во последните три натпревари на домашен терен ја најде во притистокот за бодови…
„Имавме добро прво полувреме, а потоа колку подолго не постигнувавме гол, се напнувавме и ја губиме формата. Ова е чиста копија на ситуацијата од натпреварите против Фиорентина и Салернитана поради која сме разочарани и лути. Многу сакавме да победиме и овој негативен резултат ќе го забави нашиот напредок во првенството. Не е точно дека не ни е грижа за Серија А и сакаме само да ја подобриме нашата игра во куп натпреварувањата.
Ваквите несреќи ја менуваат играта. Ако ги погледнете нашите последни три домашни натпревари, нашиот настап беше всушност подобар од Лигата на шампионите и Купот на Италија. Работите едноставно не одат исто во Серија А. Можеби тимот е под притисок од фактот дека навистина ни требаат бодови во Серија А и тоа не фрустрира, ја губиме нашата острина и не играме добро на топката. 18 месеци бевме најефикасниот тим во Серија А, но во 2023 година не беше исто. Остануваме на само два бода од Милан и има уште многу мечеви до крајот. Уште сме во игра во сите натпреварувања“, вели Инзаги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

