Марсело Брозовиќ веќе долго време се поврзува со заминување од Интер, а до истото ќе дојде престојното лето, пренесуваат италијанските медиуми. За Хрватот воедно тоа ќе биде и трансферот на кариерата бидејќи се поврзува со премин во Барселона.
Каталонскиот тим се интересираше за услугите на искусниот хрватски репрезентативец и во минатото, а во престојниот преоден рок и дефинитивно ќе прати официјална потврда за трансфер.
Истата ќе биде директна размена на играчи во која во правецот кон Италија ќе замине Френк Кеси. Овој трансфер воедно ќе значи и олеснување на финансии во редовите на каталонскиот гигант кој повторно се наоѓа во лоша состојба.
Кеси воедно е и еден од оние кои шпанските медиуми го означија како „проблематичен“ во исполнување на планот за колективно намалување на платите па затоа овој потег раководството на Барселона го гледа како вистинско решение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

