„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Брајтон го издоминира Челси како никој досега

Сезоната за заборав на Челси продолжува понатаму. „Сините“ претрпеа пораз и од Брајтон во Премиерлигата, натпревар во кој тимот предводен од Френк Лампард беше потполно издоминиран.

Брајтон во победата од 1-2 упати неверојатни 26 обиди кон противничкиот гол, што е најголем број на обиди кои Челси ги претрпел на еден натпревар од сезоната 2003/04 откако аналитичарите уредно ги следат деталите.

Се вчитува...