И Гетафе и одзема бодови на Барселона

Гетафе стигна до голем бод во 29. коло од шпанското првенство откако ремизираше без голови против Барселона. Домаќините имаа шанса да стигнат и до целиот плен во 87. минута, но шутот на Мајорал од шестнаестникот заврши покрај стативата.

Ова е втор натпревар во низа за каталонците без постигнат гол откако претходно ремизираа и против Гирона, но и покрај тоа Барселона има предност од 11 бода пред Реал Мадрид на врвот на табелата. Бодовите се далеку позначајни за Гетафе кој го освои 31. бод во сезоната за предност од четири бода пред зоната која води во второлигашкиот фудбал.


 

Се вчитува...