Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
==========================================================================================================================
ТИМ НА 27. КОЛО
По минатонеделниот „кикс“ и само бодот против Скопје, Струга ТЛ лесно, на свој терен го реши тимот на Победа. И покрај тоа што прилепчани имаа шокантно водство, сепак, на крајот шест гола во мрежата на гостите од Прилеп, од кои три постигна играчот на колото Бесарт Ибраими. Јасно е дека прилепчани следната сезона се враќаат во второлигашката конкуренција. Полека се „избиструва“ ситуацијата и околу опстанокот. Работнички направи голем чекор кон директниот опстанок победувајќи го Скопје, па сега „пиратите“ најверојатно ќе играат дополнителен бараж со третопласираниот од ВМФЛ за опстанување во „елитата“. Гандо беше херој на „романтичарите“ со гол кој значи опстанок, со оглед дека Работнички сега избега 10 бода од опасната зона. Паузата на Шкупи максимално ја искористи Шкендија која се „лансираше“ на второто емсто на табелата, со убедливиот триумф над Тиквеш. Со тоа заврши сонот за кавадарчани за четвртото место. Се чини заврши сонот за четврто место и за Македонија ЃП кој одигра без голови дома со Академија Пандев, па така „лавовите“ се во серија од два меча без победа, што ги оддалечи од таа позиција. Се чини тој тим се фокусира кон финалето во Купот. Брегалница не успеа со победа да го стигне Силекс, и одигра само нерешено во Кратово, со што дистанцата меѓу овие два тима остана иста – три бода за четврото место, кое на крајот може да носи Европа (доколку Струга ТЛ го освои Купот).
====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Бесарт Ибраими (Струга ТЛ)
Бесарт Ибраими оди кон титулата најдобар голгетер во оваа сезона. Со овие три гола над Победа, стигна до бројката од 16, што се чини го прави недостижен на листата на стрелците. Ибраими ја презеде улогата на спасител на својот тим Струга ТЛ во дуелот со Победа, откако прилепчани имаа сензационална предност. На крајот Ибраими постигна три од шесте погодоци и го носи епитетот најдобар на 27. коло.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Ќатип Османи (Шкендија)
Тиквеш важи за незгоден тим, екипа која може секого да победи, и се покажало дека знае да изненади и кога игра со водечките. Сепак, не беше така и во дуелот со Шкендија. Тетовци мотивирани влегоа во мечот, и го добија со убедливи 4-1, што на крајот за момците на Ќатим Османи знаечеше второ место на табелата, и продолжување на трката за титулата.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Ералдо Чинари (Шкендија)
Ералдо Чинари беше стрелец на два гола за својата Шкендија. Крилниот играч во моментов е во голема форма, а тој е заслужен и за формата на Шкендија која во последно време знае само за победи. Чинари во 70. минута зголеми на 3-0 против Тиквеш со прекрасен удар и прекрасен гол, кој дефинитивно го носи епитетот гол на колото.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
ФОТО НА КОЛОТО: Влегувајте, сакам тука кај резултатот да стои 1-0 за нас!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА