Три гостински екипи изминатата вечер успеаја да направат „брејк“ на отварањето на осминафиналните серии во НБА лигата. Една од нив беше и Лос Анџелес Лејкерс која славеше против Мемфис со 112-128.Во суперинтересниот натпревар пресуди тимската игра на гостите, но и расположениот Ривс со самата завршница.
Џексон со 31 поен и 5 скока го предводеше Мемфис, додека Хачимура и Ривс беа лидери на Лејкерс. Јапонецот постигна 29 поени и 6 скока, а Американецот 23 поени и 4 асистенции.
На „брејк“ се радуваше и Мајами кој славеше со 117-130 на гостувањето кај Милвоки. Домаќините не можеа да сметаат на Јанис Адетокумпо кој мораше да го напушти теренот по страшен пад во првата четвртина. Гостите пак остнаа без Хиро кој заработи повреда на раката.
Прво име на средбата беше Батлер со 35 поени, 11 асистенцции и 5 скока, доддека домашниот тим го предводеше Миделтон со 33 поени и 9 скока.
Клиперс успеаја да ја освојат Аризона за предност во серијата против Феникс славејќи со 110-115. До „брејк“ тимот од Лос Анџелес стигна со одличен финиш на натпреварот во кој со серија од 6-0 минималната негатива ја претвори во значајна победа.
Со 38 поени, 5 скока и 5 асистенции Ленард ги предводеше гостите, додека дабл-дабл од 27 пеони и 11 асистенции за домаќините запиша Дурент.
Честа на домаќините ја одбрани Денвер кој славеше со убедливи 109-80 против Минесота. Клучна за натпреварот беше третата четвртина која им припадна на домаќините со 32-14 за мирен финиш на мечот.
Мари со 24 поени, 8 скока и 8 асистенции го предводеше Денвер, додека Јокиќ мечот го заврши со 13 поени, 14 скока и 6 асистенции. Кај гостите најрасположен со 18 поени и 5 асистенции беше Едвардс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

