Погледнете како Јокиќ го излуде Таунс (ВИДЕО)

Денвер го одбрани домашниот терен и поведе во осминафиналната серија против Минеоста славејќи со убедливи 109-80. До победа Нагетс стигнаа со убедлива игра во третата четвртина во која стигнаа до двоцифрена предност која знаеја да ја задржат до самиот крај.

Српскиот интернационалец Никола Јокиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок од 13 поени и 14 скока, а имаше и неколку спектакуларни потези. Еден од нив му „продаде“ на противничкиот центар Карл Ентони Таунс, вртејќи го во круг…

Се вчитува...