Гетафе стигна до огромен бод во 29. коло од шпанското првенство ремизирајќи на домашен терен против големата Барселона со 0-0. Овој бод е од големо значење за тимот од Мадрид во борбата за опстанок.
По натпреварот тренерот на Барселона, Чави причината за поразот ја најде во тревата на стадионот и терминот во кој беше одигран натпреварот велејќи дека неговиот тим е навикнат да игра навечер, а на преку ден на сонце.
За жалењето на предводникот на гостите одговор имаше и домашниот тренер Кике Санчес Флоерс кој притоа успеа и да го исмее помладиот колега.
„Не игравме на песок или на земја, тревата е прекрасна и е еднаква за сите. Тие на својот стадион ја косат ниско бидејќи им носи предност во начинот на кој играат. Ова е наш терен и ние имаме услови кои на нас повеќе ни помагаат. Ништо не е надвор од правилата“, изјави Санчез Флорес кој потоа се осврна и кон сончевите зраци кои правеле проблем на ѕвездите на Барселона.
„Нивеа, лосион, не знам…“, низ смеа одговори домашниот тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

