Македонија ќе учествува со девет репрезентативци во машка и во женска конкуренција на Европско првенство во борење слободен стил кое денеска стартува во Загреб, Хрватска.
На првиот ден од континенталниот шампионат ќе настапат тројца борачи. Во категоријата до 97 килограми еден од нашите адути за трофеј Магомедгаџи Нуров во осминафиналето ќе се соочи со Полјакот, Збигњев Барановски, Ахмад Магомедов во категоријата до 79 килограми исто така во осминафиналето ќе се сретне со Станислав Новак од Молдавија додека Фати Вејсели во категоријата до 70 килограми во квалификациите за противник го има Патрик Кшиштоф Оленчин од Полска.
И останатите репрезентативци ги добија противниците за првите дуели на првенството. Во категоријата до 60 килограми, Владимир Егоров во квалификациите ќе се бори против Французинот, Арман Елојан. Раул Шапиев до 74 килограми ќе се соочи со Словакот, Таимураз Салказанов,а Дејан Митров во осминафиналето за противник го има Борис Макоев од Словачка. Реџеп Хајдари во квалификациите ќе се сретне со Метју Филип Фајнсилвер од Израел.
Во женска конкуренција, во категоријата до 50 килограми ќе настапи Вероника Рјабоволова, а во категоријата до 53 килограми ќе настапи Марија Спирковска.
Мажи-слободен стил
61 кг. Владимир Егоров – Арман Елојан (Франција)
70 кг. Фати Вејсели – Патрик Оленчин (Полска)
74 кг. Расул Шапиев – Таимураз Салказанов (Словачка)
79 кг. Ахмад Магомедов – Станислав Новац (Молдавија)
86 кг. Дејан Митров – Борис Макоев (Словачка)
92 кг. Реџеп Хајдари – Метју Фајнсилвер (Израел)
97 кг. Могамедгаџи Нуров – Збињев Барановски (Полска)
Жени
50 кг. Вероника Рјабоволова
53 кг. Марија Спирковска
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА