Реал одлучи: Модриќ до крајот на месецот добива нов договор

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид одлучи што ќе прави со Лука Модриќ. Модриќ се очекува до крајот на месецов да го продолжи договорот, и има заслужно место и во тимот и во следната сезона.

Договорот на Хрватот со Реал завршува со два месеци, а клубот службено не му понуди нов. Со оглед на тоа што го стори за Реал, и со оглед на неговите години, клубот му даваше едогнодишни договори. Имаше шпекулации дека ќе го напушти тимот и ќе замине во Саудиска Арабија.

Модриќ и натаму е неизоставен дел од тимот на Реал, и еден од заслужните што тимот и натаму е дел од Лигата на шамионите, во 1/4 финалето, со можност да се пласира меѓу најдобрите четири, со оглед дека „кралевите“ имаат предност од 2-0 по првиот меч со Челси.

Се вчитува...