Нереално: Билет за натпревар на Њујорк Никс достигна 20 илјади долари

Њујорк Никс важи за тим од „кремот“ на НБА лигата. Атрактивниот осум милионски град и интересот за кошарка во него се дел од факторите кои доведуваат до ситуација тешко да се дојде до билет за натпреварите во „Медисон Сквер Гарден“ каде често се присутни и само „одбрани лица“.

Но, плеј-оф натпреварот против Кливленд со сигурност ги надмина сите граници. Имено, како што пренесува „Њујорк Пост“ за билет во првиот ред цената достигнува вртоглави 20 илјади долари.

Најефтиниот билет за првиот осминафинален натпревар во Њујорк чини „само“ 370 долари, а доколку сакате да бидете блиску до теренот мора да издвоите околку 1800 долари.

Се вчитува...