Сакраменто повторно го урна шампионот, Филаделфија го надигра Бруклин (ВИДЕО)

Кошаркарите на Сакраменто се на повидок на пласман во следната фаза од НБА плеј-офот, откако вторпат го совладаа составот на Голден Стејт, овојпат со 114-106, и така поведоа со 2-0 во серијата. Кингси беа со посилни нерви и со подобар финиш на натпреварот кои успеаја да остварат голема победа на патот кон старата слава во НБА.

Се играше израмнето во првиот дел. Голден Стејт последното водство го имаа на 27-24, а потоа следуваше тројка на Сакраменто, и понатаму „Кингси“ имаа предност. Клучен беше налетот на крајот на третата четвртина кога направија предност на +14, и добија самодоверба, иако во еден момент шампионот стигна до 95-95.

Сепак, недостасуваше сила за завршен удар на Кари и другарите, а Сакраменто направи нова серија со која го завери триумфот.

Слаба утеха е одличната партија на Кари кој уфрли 28 поени. Фокс кај Сакраменто постигна 24 поени и девет асистенции.

Кошаркарите на Филаделфија направија голем чекор кон следната фаза откако остварија и втора победа во првата рунда од плеј-офот. Повторно „Сиксерс“ го надиграа тимот на Бруклин со 96-84, иако овојпат наидоа на поголем отпор од противникот. Ембид беше нерешлива енигма со 20 поени, 19 скока и шест асистенции. Најефикасен играч на домашниот тим беше Макси со 33 поени.

Се вчитува...