„Кејн е стар и скап за Баерн, згрешија што не го земаа Халанд“

Поранешната легенда на Баерн Минхен, Лотар Матеус верува дека тимот на „Баварците“ не треба да го ангажира Хари Кејн, туку Виктор Осимен.

Нигериецот, смета Матеус, е идеално решение за нападот на најтрофејниот германски клуб, иако се шпекулира и со ангажман на Коло Муани и Душан Влаховиќ.

„Се радувам на доаѓањето на нов напаѓач. Сите зборуваат за Виткор Осимен, но не се знае дали добро би се вклопил. На Коло-Муани му треба повеќе простор отколку што обично има напаѓачот во Баерн, но тој е одличен во шеснаесетникот. Хари Кејн е премногу скап и стар за Баерн. Според вредноста мислам дека најмногу вреди Филкруг. Тој не чини повеќе од 20 милиони, а веќе даде 20 голови за Вердер. И мора да се признае дека не се работи совршено во Баерн. Зошто составија одбрана од 250 милиони евра, наместо да го ангажираат Халанд. Замислете само ако во средата беше во црвен дрес, наместо во син…“, пишува Матеус во својата колумна.

Се вчитува...