Екс-тренерот на Адеми сега ќе го води Барди

Трабзонспор конечно ја финишираше потрагата по нов тренер, откако постигна договор со Хрватот Ненад Бјелица, кој ќе го преземе кормилото на актуелниот шампион на Турција. Бјелица пристигна во Турција и денеска ќе се сретне со претседателот Доган, но како што јавуваат турските медиуми сите детали се веќе договорени и се очекува само потписот на договорот, по што хрватскиот стручњак ќе почне со тренинзи и натпревари со новиот клуб.

Бјелица беше сериозен кандидат за нов тренер на Динамо Загреб, но „модрите“ се решија за Игор Бишчан, по што Хрватот ги интензивираше преговорите со раководството на Трабзон. Привремениот тренер Орхан Ак си замина по елиминацијата од Купот на Турција, а претседателот Ертуглур Доган од неколкуте кандидати го избра токму екс-стратегот на Динамо.

Останува да се види колкава минутажа ќе добива нашиот репрезентативец Енис Барди кај новиот тренер, ако се знае дека претходно беше најавувано дека Барди ќе се најде меѓу играчите кои летово ќе си замиант од Трабзон.

Се вчитува...