Сити со нов проект за проширување на „Етихад“

Манчестер Сити ги заврши плановите за проширување на стадионот, по неколкумесечни консултации со навивачите. Плановите вклучуваат цел прстен на северната трибина и проширување на капацитетот на 60.000 седишта. Дополнително, би бил додаден комплекс кој ќе вклучува нов фан шоп, музеј и хотел.

Во текот на март клубот одржа консултации со навивачите и наведува дека овој проект е резултат на тие дискусии. Почетниот дизајн беше променет врз основа на деталите предложени од фановите, а беше додадено и место со капацитет од 3.000 за „посебно искуство со обожавателите“.

Ќе има и нов фан шоп и хотел со 400 легла. Инвестицијата ќе биде вредна 300 милиони фунти, а ќе бидат отворени околу 2.600 нови работни места за луѓе од целиот комплекс. Се очекува проектот да трае околу три години.

Се вчитува...