Грција се засилува со Американец за „Мундобаскетот“

Плејмејкерот на Олимпијакос Томас Волкап, побарал да игра за Грција на Светкото првенство. Овој 30-годишен кошаркар во писмото побарал да учествува во селекцијата на Димитрис Итудис на следното меѓународно натпреварување. Неговото барање било проследено до министерството за внатрешни работи кое одлучува дали ќе добие грчки документи.

Неговото барање треба да биде одобрено, а потоа да го потпише министерот за внатрешни работи и од претседателот на земјата.

Доколку кошаркарот од Тексас добие грчки пасош, ќе мора да чека заедно со Тајлер Дорси, Нази и Илајџи Митро-Лонг. Само еден од овие споменати може да игра за селекцијата на Грција.

Волкап игра за Олимпијакос од 2021 година, а неодамна му е продолжен договорот до 2027 година.

Се вчитува...