Оливие Жиру имаше свое „шоу“ во првото полвувреме на натпреварот Наполи – Милан на реваншот во Неапол. Французинот најпрво промаши пенал, а потоа погоди од игра за големо водство на „росонерите“.
Жиру во 22. минута не реалзираше удар од белата точка, откако Мерет му го одбрани ударот и со тоа Неапол „експлодираше“. Беше тоа момент кога Милан успеа да воспостави рамнотежа, со оглед дека во првите 20 минути Наполи имаше жестока иницијатива.
Сепак, во финишот од првиот дел, во 43. минута Жиру успеа да ја затресе мрежата на Наполи. Целата заслуга оди на Рафаел Леао кој претрча 70 метри, и несебично го проигра својот напаѓач, кој овојпат имаше полесна задача да погоди во празната мрежа.
Во Лондон нема голови. Челси е нешто подобар противник и имаше две големи шанси. Најпрво Канте во раната фаза од мечот шутираше крај голот, а во судиското надополнување Кукурелја беше сам пред Куртоа, но белгискиот голман го спасуваше мадридскиот тим од негатива. Шанса имаше и Реал Мадрид кој преку Родриго ја погоди стативата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

