Милан го издржа почетниот притисок на Наполи, па промаши пенал за водство (ВИДЕО)

Наполи доминираше во првите 15 минути во дуелот со Милан, имаше и неколку шанси преку Политано, Руи и Кварацхелија, но сите удари беа непрецизни.

Сепак, откако го издржа почетниот притисок, Милан во 22. минута имаше огромна шанса да дојде до водство, и да нарпави уште еден чекор кон полуфиналето. Руи го фаулираше Леао во шеснаесетникот, по што за момент молк на стадионот Диего Армандо Марадона, а потоа и Делириум откако Мерет му го одбрани пеналот на Жиру и го остави во игра Наполи да се надева дека ќе може да дојде до потребната победа.

Во 28. минута Жиру промаши зицер, и исто така Мерет го доби дуелот.

Се вчитува...