Милан го згасна сонот на Наполи во ЛШ: Росонерите по долго време меѓу најдобрите четири (ВИДЕО)

Милан по долго време успеа да обезбеди место во полуфиналето во Лигата на шампионите, откако вечерва со „реми“ во Неапол успеа да се пласира меѓу најдобрите четири тима во Европа.

Интересен беше мечот во Неапол, имаше од се по нешто, за жал само по еден гол на двете страни. Два пенали и двата нереализирани по еден на двете страни, но на крајот Жиру донесе предност за Милан, која беше актуелна до крајот на мечот кога Наполи успеа да израмни.

Носени од преполниот стадион „Диего Армандо Марадона“, Наполи одлично тргна во првите 15-20 минути. Имаше шанси, но не го најде патот до мрежата на Мањан. Трибините се стишија во 22. минута кога беше досуден пенал за Милан, меѓутоа Мерет ги остави во живот своите соиграчи со одлична одбрана на ударот од 11 метри на Жиру.

До крајот на полувремето Милан воспостави рамнотежа, а потоа магија на Леао. Претрча 60-70 метри до шеснаесетникот, и додаде до Жиру кој овојпат не погреши и спроведе во мрежата на Милан.

Наполи долго време го бараше израмнувањето, но одбраната на Милан беше на место, и пред се Мањан кој имаше одлични интервенции. Дефинитивно Мањан ги згасна надежите на Наполи со одбранетиот пенал на Кварацхелија во 82. минута. На крајот Осимен успеа да постигне гол и да израмни, но беше доцна да се врати и да даде уште еден гол со кој ќе избореше продолженија.

Елиф Елмас влезе во игра во 63. минута на местото на Ндомбеле.

Милан сега го чека подобриот од мечот Интер – Бенфика. Големи се шансите да имаме миланско дерби во полуфиналето, со оглед дека Интер има предност од гости со 2-0.

Се вчитува...