Феникс успеа да ја изедначи осминафиналната серија против Клиперс на 1-1 откако изминатата вечер го одбрани домашниот терен за победа од 113-104. А, покрај победата домашните навивачи имаа и дополнителна причина за задоволство.
Имено, според договорот на Феникс со „Chick-fil-A“, ланецот за брза храна специјализиран за пилешки сендвичи, доколку противничкиот кошаркар промаши две слободни фрлања во последната четвртина цела арена добива гратис сендвич.
17.071 присутни навивачи во арената на сендвич се радуваа по промашените слободни фрлања на хрватскиот центар Ивица Зубац.
The moment Ivica Zubac missed 2 FTs and Suns fans won free Chick Fil-A pic.twitter.com/snQcmjl1bm
— Gerald Bourguet (@GeraldBourguet) April 19, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

