Веднаш по отказот кој го доби од редовите на Челси, Грем Потер, се чини, нема да чека многу за нов ангажман. И повторно ќе работи во тим од Лондон.
Според информациите од Англија, Потер се најде во најтесниот круг за нов тренер на Вест Хем. „Чеканите“ веројатно по завршувањето на сезоната ќе се збогуваат со Дејвид Мојс, кој ќе ја плати сметката за слабите резултати сезонава.
Покрај Потер, за наследници на Мојс се споменуваат уште и Брендан Роџерс и Пауло Фонсека. Роџерс и Потер беа отпуштени за само неколку дена разлика од Лестер и од Челси, додека Пауло Фонсека работи одлично во Лил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА