ПЛЕЈ-АУТ: Голден Арт го доби дербито со Куманово, Јуниор Кисела Вода го освои Радовиш

Ракометарите на Голден Арт им се вратија на победите во плеј-аут фазата од Суперлигата откако во дербито на 10. коло славеа на домашен терен против МРК Куманово со 28-26.

Еден израмнет натпревар во кој клучна на крајот се покажа разликата од три гола која домаќините успеаја да ја направат по првите триесет минути (15-12).

Гостите од Куманово заиграа подобро во втроиот дел, но немаа сила да слават на гостувањето кај скопскиот тим. Христијан Милошески и Дејан Гошевски со по пет гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените недоволни беа осумте погодоци на Немања Ѓурашковиќ.

Во вториот денешен натпревар Јуниор Кисела Вода славеше на гостувањето кај „фенерџијата“ Радовиш со 22-32 и со тоа го помина Вардар Неготино на местото кое следната сезона заедно со Радовиш носи во подолен ранг. Филип Петровски со седум гола беше најдобар поединец кај победникот додека кај поразените Томче Трајчевски постигна пет гола.

Се вчитува...