Жиру доби нов договор како награда од Милан

Оливие Жиру го продолжи договорот со италијанскиот шампион Милан до 2024 година. Откако синоќа го постигна единствениот гол за својот тим во ремито со Наполи (1-1) кое значеше полуфинале за „росонерите“ по пауза од 2007 година, Жиру денеска доби награда во нов договор.

Неговиот досегашен  траеше до крајот на годината, но Французинот и покрај фактот што има 36-години се покажа како клучен шраф во машината на миланезите, по што тие решија да го задржат и уште една сезона.

Се вчитува...