Езгијан Алиоски и неговиот Фенербахче повторно стигнаа до пресврт во луд натпревар откако славеа на гостувањето кај Башакшехир со 1-2 во 30. коло од турската Суперлига и со тоа остануваат во игра за титулата.
Домаќините поведоа со 1-0 во 30. минута преку Алексиќ. На 1-1 израмни Жоао Педро во 88. минута, а конечните 1-2 беа дело на истиот фудбалер во 93. минута. Алиоски мечот го стартуваше на клупата, а во игра влезе на стартот на второто полувреме.
Јован Манев со својата Адана Демиспор продолжува да биде вистински хит во турскиот шампионат откако славеше на гостувањето кај Коњаспор со 1-2 иако имаа играч помалку скоро цело полувреме. Македонскиот интернационалец натпреварот го стартуваше на клупата за резерви, а во игра влезе во 74. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА