Фудбалерите на Манчестер сити ја задржуваат предноста од три гола од првиот натпревар, откако по 45 минути имаат реми (0-0) на гостувањето кај Баерн Минхен во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Најдобрата шанса за Баерн Минхен во првото полувреме ја имаше Лирој Сане во 15. минута кој излезе сам еден на еден против голманот на „граѓаните“, но не успеа да ја затресе мрежата на Едерсон. Интересен момент се случи во 18. минута кога Дајот Упамекано доби директен црвен картон, поради старт на Халанд, но по преглед на ВАР тој се спаси, бидејќи Халанд се наоѓаше во недозволена позиција кога ја прими топката.
Во 37. минута Манчестер сити доби пенал, но тој не го реализираше Ерлинг Халанд, а Баварците останаа со било какви шанси за полуфинале.
Sané chance vs Man City 15'
byu/Legitimate_Secret_79 insoccer
Фудбалерите на Интер уште во првото полувреме ја чуваат предноста од 2-0 од првиот меч во Лисабон, откако по 45 минути на „Џузепе Меаца“ играат 1-1 против Бенфика. Домаќините поведоа со супер голот на Барела во 14. минута, додека на 1-1 израмни Аурснес во 38. минута.
Inter [1] – 0 Benfica [3-0 on agg.] – Nicolo Barella great goal 14'
by insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

