По најавата на најверните вардарови навивачи „Комитите“ дека без разлика на се во голем број ќе присуствуваат на неделниот дерби натпревар против Воска во Втората македонска фудбалска лига, од ФК Воска спорт вечерва со соопштение преку кое информираат дека се одлучиле мечот да се игра без присуство на навивачи.
Еден од најинтересните дуели сезонава, така, ќе се игра пред празни трибини на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Се, против интересите на фудбалот и спортот воопшто…
СООПШТЕНИЕТО ОД ФК ВОСКА СПОРТ ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:
Ги известуваме сите љубители на фудбалот, особено оние на ФК Воска спорт дека дербито во недела од 25. коло во ВМФЛ против Вардар ќе се одигра без присуство на јавноста. Ваква одлука е донесена поради безбедноста и подобрувањето на натпреварот, кој беше прогласен за висок ризик од страна на нашата градска полиција.
Не сакајќи да ризикуваме со безбедноста на ниту еден човек и пред се да не го ризикуваме фудбалот, како тим решивме да играме без присуство на навивачи. На натпреварот кој ќе се одржи на стадионот „Билјани извори“, ќе бидат присутни само 10 лица од двете екипи.
Како ФК Воска спорт ќе ги преземеме сите безбедносни мерки за овој настан, кој се надеваме ќе произведе фер и само фер игра….
ДА ПОБЕДИ НАЈДОБРИОТ ТИМ, ПРЕД СЕ НЕКА ПОБЕДИ ФУДБАЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА