Манчестер сити и Интер се последните учесници во полуфиналето од Лигата на шампионите. „Граѓаните“ ја задржаа предноста од три гола од првиот натпревар одигран на „Етихад“, откако ремизираа на реваншот на „Алијанц арената“ 1-1.
Најдобрата шанса за Баерн Минхен во првото полувреме ја имаше Лирој Сане во 15. минута кој излезе сам еден на еден против голманот на „граѓаните“, но не успеа да ја затресе мрежата на Едерсон. Интересен момент се случи во 18. минута кога Дајот Упамекано доби директен црвен картон, поради старт на Халанд, но по преглед на ВАР тој се спаси, бидејќи Халанд се наоѓаше во недозволена позиција кога ја прими топката.
Во 37. минута Манчестер сити доби пенал, но тој не го реализираше Ерлинг Халанд, а Баварците останаа со било какви шанси за полуфинале.
Сепак, Халанд за промашениот пенал се извади во 57, минута кога направи „кловн“ од Упамекано и донесе водство за својот тим од 0-1. До крајот домаќините успеаја само да израмнат преку Кимих од пенал во 83. минута.
Црвен картон доби и лутиот Томас Тухел кој не можеше да ја прифати елиминацијата на својот клуб.
Bayern Munich 0 – [1] Manchester City [0-4 on agg.] – Erling Haaland 57'
byu/alexinup insoccer
Последен патник во полуфиналето е Интер кој во реваншот ja задржа предноста од два гола против португалска Бенфика ремизирајќи 3-3. Барела во 14. минута донесе водство за домаќинот од 1-0, додека до крајот на првиот дел гостите израмнија преку Аурснес во 38. минута. Ново водство за „нероаѕурите“ (2-1) донесе Лаутаро Мартинез во 65. минута, а на 3-1 зголеми Кореа во 78. минута. Гостите до крајот само го успеаја да стигнат до реми (3-3) со головите на Антонио Силва во 86. и Муса во 95. минута.
Inter [2] – 1 Benfica [4-1 on agg.] – Lautaro Martinez 66'
by insoccer
Полуфиналните натпревари во Лигата на шампионите се Милан – Интер и Реал Мадрид – Манчестер сити. Првите мечеви се закажани за 9. и 10. мај додека реваншите ќе се играат една недела подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

