Кристијано ги понижи Саудијците: Тужба против Португалецот и барање за екстрадиција од државата!

Кристијано Роналдо го навлече бесот на јавноста во Саудиска Арабија со простачкиот гест по последниот меч на неговиот Ал Наср, кога се фати за гениталиите како порака до навивачите кои му извикуваа „Меси, Меси…“.

Голем број од фановите се разочарани од скапо платената ѕвезда, а оние најнавредените покренаа и петиција за кривична пријава против фудбалската суперѕвезда. Тој ќе биде обвинет за непристојност на јавно место, дело за кое на странските државјани во Саудиска Арабија им е предвидена казна „апсење и депортација“. Во целата кампања ќе вклучи адвокатката Нуф бинт Ахмед, која најави дека ќе ја поднесе пријавата против Португалецот.

„Не следат спорт. Дури и доколку навивачите го испровоцирале Роналдо, тој не реагирал како што треба. Неговото однесување е злочин и затоа ќе биде поднесена пријава до обвинителството“, објави Бинт Ахмед.

Се вчитува...