На Тухел виновен му е судијата: Треба да добие оценка „нула“, и нашиот пенал беше непостоечки

Томас Тухел требаше да биде спасител на Баерн Минхен, но искусниот тренер уште еднаш потфрли, откако на елиминацијата од Купот на Германија се надоврза со поразот во двомечот со Манчестер Сити во Лигата на Шампионите.

Тој по мечот сепак ги пофали своите фудбалери за играта, вината насочувајќи ја кон судиите и кон лошиот терен за игра.

„За мене се беше во ред, освен две работи, теренот и судијата. Судеше се погрешно, од почеток до крај. Треба да добие оценка нула, дури и пеналот што го досуди за нас е непостоечки“, прокоментира стратегот на Баерн, по што се осврна и на играта на својот тим… „Бевме рамноправни на најдобриот тим во Европа, тим што притоа се наоѓа и во најдобра форма. Денеска ги намачивме уште повеќе отколку на првиот натпревар во Манчестер, штета е што среќата не беше на наша страна“.

Се вчитува...