Гвардиола: Ако сакаш да станеш европски шампион, мораш да го победиш Реал Мадрид

Пеп Гвардиола успеа да го елиминира својот поранешен клуб Баерн Минхен, но стратегот на Манчестер Сити е свесен дека главниот предизвик за неговиот тим допрва претстои – полуфиналниот двомеч со Реал Мадрид.

„Кралевите“ лани со неверојатен камбек успеаја да го елиминираат Сити од ЛШ, уште еднаш покажувајќи зошто важат за страв и трепет во фудбалска Европа, а Гвардиола има само пофални зборови за големиот ривал со кого водеше тешки битки уште од времето кога седеше на клупата на Барселона.

„Мислам дека сите клубови во светот го имаат истото чувство – ако го сакаш трофејот во Лигата на Шампионите, мораш да го победиш Реал Мадрид. Некогаш тоа важеше за Барселона, но сега тимот е од Мадрид е тој што се прашува. Јас сум среќен што трета година по ред стигнуваме до полуфиналето. Елиминиравме силен тим како Баерн, а конечните 4-1 не се вистинска слика за случувањата на теренот, Баерн беше добар силен. Во ова натпреварување сепак се е во деталите, а ние знаевме да ги искористиме нашите шанси“, истакна Пеп Гвардиола.

Се вчитува...