Ристовски го одбрани трофејот во Катар со Ал Рајан, петта титула за само две сезони (ФОТО)

Македонскиот одбојкарски стрaтег, Жарко Ристоски успеа со својот Ал Рајан да ја одбрани титулата во катарскиот одбојкарски шампионат и оваа сезона.

Ал Рајан, предводен од Ристовски, во финалниот натпревар славеше против Ал Араби со убедливи 3-0, по што повторно успеа да дојде до трофејот. Ова е петта титула за македонскиот тренер на чело на Ал Рајан за време на двегодишниот досегашен негов престој.

„Ти благодарам Господе. Повторно шампиони и за сезона 2022/2023. Пет трофеи за две години со Ал Рајан е навистина убаво постигнување. Благодарност до сите мои играчи, персонал и менаџментот на клубот“ – истакна Ристовски по освојувањето на новиот трофеј.

Претходно минатата сезона Ристовски со Ал Рајан ги освои Арапскиот тимски шампионат, како и пехарите наменети за најдобриот тим во Катарското првенство и катарскиот Куп за 2022 година. Само еден месец претходно, пак, го освои и трофејот во Западно-азискиот шампионат.

Се вчитува...