Надал потврди дека нема да настапи ниту во Мадрид

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал потврди дека нема да настапи ниту на Мастерсот во Мадрид, пренесува „Ас“. Надал се здоби со повреда на Австралија опен и оттогаш нема одиграно ниту еден натпревар. Тој за првпат во својата кариера ја пропушта сезоната на земјена подлога, откако не настапи на турнирите во Монте Карло и Барселона, а сега потврди дека нема да биде дел ниту од мастерсот во главниот шпански град.

Надал заработи повреда на колкот во второто коло на Австралија опен против Мекензи Мекдоналд. Тој претрпе пораз и тоа му беше последен натпревар. Неодамна се врати на тренинзите, но сепак се уште не е подготвен за кам-бек.

Се покажа дека тоа не е само мерка на претпазливост и дека му треба уште време за целосно закрепнување.

Се вчитува...