Ал Наср во одбрана на ЦР7: Клубот објасни зошто Роналдо се фатил за меѓуножјето (ВИДЕО)

Јавноста во Саудиска Арабија е шокирана од реакцијата на Кристијано Роналдо по натпреварот против Ал-Хилал (0-2).

Роналдо на провокациите од трибините, се фати за меѓуножјето, испраќајќи порака до противничките навивачи.

Поради реакцијата на Роналдо, позната адвокатка побара апсење и депортација на Португалецот, но Ал Наср застана во одбрана на својата ѕвезда.

„Роналдо се здоби со повреда на мечот. Дуелот со Густаво почна така што Кристијано беше погоден на непријатно место. Секој има право на свое мислење, но ова е официјална информација“ – соопштија од Ал Наср.

Се вчитува...