Никола Јокиќ како никој друг во историјата на НБА

Денвер предводен од Никола Јокиќ продолжи со одличните настапи и во плеј-офот на НБА лигата. По две убедливи победи српскиот интернационалец и неговиот тим имаат предност од 2-0 во серијата со Минесота.

Јокиќ изминатата вечер го одигра јубилејниот 50. натпревар за плеј-офот на најсилното кошаркарско првенство, а јубилејот го одбележа и со историја откако постана првиот кошаркар кој забележал просек од најмалку 25 поени, 10 скока и 5 асистенции во првите 50 натпревари во разигрувањето.

Се вчитува...