„Како можеше Челси да плати толку пари за Енцо Фернандез, па тој човек не сака ни да трча“

Не стивнуваат критиките кон американскиот газда Тод Боели за катастрофалните инвестиции во играчкиот кадар на Челси, а на удар очекувано се најде и најскапото засилување на „сините“, Енцо Фернандез.

Боели плати 100 милиони евра за да го доведе Аргентинецот од Бенфика, тој е еден од ретките што тренерите на Челси не ги ротираат на натпреварите, но овој фудбалер воопшто не ги оправдува очекувањата на управата. Прв што гласно го критикуваше аргентинскиот играч за врска е поранешниот ас на Ајакс и Реал Мадрид, Весли Снајдер, кој отворено говореше против Фернандез.

„Ако те платиле 100 милиони евра, тогаш можеш барем да трчаш додека нозете те држат, зарем не… Го гледам Енцо како оди по теренот, ќе загуби топка и потоа тагува поради тоа, наместо да се обиде да ја освои. Го гледам тоа момче и се прашувам дали воопшто чувствува некаква одговорност. Не знам како можеше Челси да плати толку пари, немам проблемд а кажам – Ендо Фернандез не е ниту одличен фудбалер, камоли светска класа за да биде толку скап. Општо прифатен е ставот дека на СП делуваше моќно поради Лео Меси, но се очекуваше барем да продолжи со ист став и борбеност и во Челси. Ако работите во фудбалот не одат добро за вас лично и за клубот, тогаш мора да внимавате да не примате голови. Морате да трчате најмногу што можете, а Фернандез дефинитивно не го прави тоа“, критичен беше Снајдер кон Фернандез.

Се вчитува...