Голден Стејт не се предава, Феникс го врати „брејкот“

Голден Стејт ја намали негативата во серијата со Сакраменто на 1-2 откако актуелниот првак рутински славеше на премиерниот меч на домашен терен со убедливи 114-97. „Воините“ останаа фокусирани и покрај двата порази во Сакраменто, го контролираа натперварот од почеток до крај и покажаа дека се подготвени за битка во одбрана на трофејот. Стеф Кари постигна 36, а Вигинс 20 поени за победничкиот тим, додека најефикасен кај Сакраменто беше  Фокс со 26 поени, 9 скокови и 9 асистенции.

Феникс го врати „брејкот“ во серијата со ЛА Клиперс, поведувајќи со 2-1 откако „сонцата“ беа подобри на првиот меч во Лос Анџелес со 124-129. Букер беше човекот на одлука во таборот на Феникс, постигнувајќи фантастични 45 поени, додека Кевин Дурант го зарши мечот со 25 поени. Пауел имаше 42 поени за ЛА Клиперс, во чии редови блесна и Расел Вестбрук (30 поени, 12 асистенции), сепак недоволно за победа на овој натпревар.

Филаделфија е на чекор до полуфиналето на „истокот“ откако оваа екипа поведе со 3-0 во победи со денешниот триумф во Бруклин од 97-102. Мечот беше решен во последната четвртина што Филаделфија ја доби со 15-26, направи целосен пресврт и стигна до посакуваната победа. Ембид немаше свој ден и постигна само 14 поени, но затоа расположени кај победничкиот тим беа Макси со 25 и Харден со 21 постигнат поен.

Се вчитува...