Судиите на натпреварот Бруклин – Филаделфија направија огромен превид не исклучувајќи го Џоел Ембид за големиот инцидент во првата четвртина, кога центарот на Филаделфија го шутна во пределот на меѓуножјето Клекстон.
Веднаш настана хаос на теренот, а по прегледувањето на снимката беше досудена намерна лична грешка на Ембид, како судиите да немаа доволно храброст да го исклучат кошаркарот што е главен фаворит за МВП на сезонава.
За ситуацијата да е уште посмешна, арбитрите нешто подоцна го исклучија Џејмс Харден за контакт што дефинитивно беше прекршок, но во секој случај со далеку помал интензитет од удирањето на Ембид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

