Српскиот претседател Александар Вучиќ уште еднаш јавно ги повика челниците на кошаркарските клубови Партизан и Црвена Звезда што поскоро да ги подмират долговите кон државата на име на неплатен данок.
Јавна тајна е дека Вучиќ сериозно помага за двата клуба да добијат огромна финансиска помош преку компании и спонзори, но првиот човек на нашиот северен сосед е дециден кога станува збор за наплатата на даночните побарување.
„Фудбалскиот клуб Црвена Звезда плати околу седум милиони евра што ги должеше на државата и јас им честитам на тоа. Кога е кошарката во прашање, Звезда должи околу 1,5 милион, Партизан многу повеќе, околу 7,2 милиони евра. Добра вест е што се појави кампања во јавноста, што луѓето сакаат да им помогнат, што е добро бидејќи едно треба да знаат – државата нема да им прости ништо ниту на Звезда, ниту на Партизан, па нека се лутат колку сакаат. Можат колку саакаат да викаат „Вучиќу, пед..у, но данок ќе платат, и едните и другите. Слушнав дека од Партизан се пофалиле дека за еден ден собрале над 500.000 евра. Очекувам утре да платат 500.000 евра и потоа сукцесивно да плаќаат по толку како што ќе ги собираат парите, додека не го исплатат целиот долг кон државата. Истото се однесува и на Црвена Звезда“, изјави Вучиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

