„Де Хеа е одличен голман, но лош играч, а Мегваер…“

Манчестер Јунајтед се збогуваше од Европа, по тешкиот пораз во Севилја од истоимениот тим. Индивидуалните грешки на Де Геа и на Мегваер му пресудија на тимот на Ерик Тен Хаг. Првиот гол е одговорност на двајцаа, вториот оди исклучиво на душа на шпанскиот голман.

Тренерот Ерик Тен Хаг жестоко ги критикуваше своите играчи после дебаклот, а не штедеше критики ниту легендата на клубот Пол Сколс.

„Де Хеа е одличен голман, но лош играч. Го видовме неговото додавање кон Мегваер. Не е тоа лошо додавање, знам дека Хари го бараше, но морате да ја видите ситуацијата. Немам поим зошто Мегваер ја бараше топката. Може да се сетам само на еден стопер кој би можел да ја исконтролира таа ситуација, но тоа не е тој. Мора да се прочита ситуацијата, вака само паѓа во замка. Срамота! Јунајтед беше надигран, немаше агресивност“, рече Сколс.

Се вчитува...