Брогдон е најдобар шестти играч на сезоната во НБА

Малком Брогдон е прогласен за најдобар шестти играч на сезоната во НБА. Бекот на Бостон доби 60 од 100 гласови пред бекот на Њујорк Никс, Емануел Квикли.

Брогдон кој во 2017 година ја освои и наградата за најдобар дебитант на годината оваа година ја прифати улогата натпреварите да ги започнува од клупата, а со тоа даде и огромен придонес за одличната сезона на Бостон. Тој во просек бележи 14.2 поени, 4.2 скокови и 3.7 асистенции.

Се вчитува...