Клоп открива: Дарвин има голем проблем, се уште не зборува англиски

Дарвин Нуњез пристигна за почетни 65 милиони фунти од Бенфика во Ливерпул, досега постигна 13 погодоци за „црвените“, но се уште е далеку од формата што сите ја очекуваа од него по летниот мегатрансфер.

Јирген Клоп се уште е убеден дека Уругваецот ќе блесне и ќе го предводи нападот на Ливепрул во годините што следат, но истовремено обелодени и сериозен проблем – Дарвин и девет месеци по доаѓањето во Премиер-лига се уште се мачи да го совлада англискиот јазик.

„Дарвин е играч со поинакви квалитети од оние на останатите играчи што ги имаме, што е добра работа. Тој е машина, веќе постигна солиден број на голови, а убеден сум дека ќе даде уште многу погодоци за Ливерпул. Ако има проблем, тоа е неговото непознавање на англискиот јазик. Тоа е нешто на што сите напорно работиме, бидејќи кога доаѓаш прва година во нова држава, притоа си скапо платен, непознавањето на јазикот ти создава уште поголем притисок наместо да ти помогне во решавањето на проблемите. Ние цела сезона се мачиме како тим, во таква ситуација е невозможно еден играч да блесне. Како и да е, Дарвин имаше одлични моменти и јас сум убеден дека најдоброто од него допрва следи“, изјави Клоп пред утрешниот дуел меѓу Ливерпул и Нотингем Форест.

Воедно, стратегот на Ливерпул обелодени дека Роберто Фирмино заработил повреда поради која Бразилецот најмалку три седмици ќе биде надвор од терените.

Се вчитува...