Њукасл без важен првотимец за клучниот меч со Тотенхем

Њукасл ќе биде сериозно ослабен на неделниот дуел со Тотенхем, важен меч во битка за четвртото место кое води во ЛШ, откако беше обелоденето дека Ален Сан Максиман ја загуби трката со времето и нема да му биде на располагање на Еди Хау за овој дуел.

Брзоногиот офанзивец е значаен адут на „црно-белите“ во атакот на место кое води во Лигата на Шампионите, а неговото неиграње минатиот викенд против Астон Вила се покажа како сериозен проблем откако Њукасл го загуби натпреварот со 3-0. Сан Максиман замина на рехабилитација во Франција, а фактот дека се уште не е вратен назад во Англија јасно покажува дека тој нема да може да настапи против Тотенхем.

„Не станува збор за проблем или обновување на повредата. Сан Максиман ќе дојде на тренинг од следната седмица, така што викендов ќе треба да се снајдеме без негова помош“, потврди менаџерот Еди Хау на денешната прес-конференција.

Њукасл моментно се наоѓа на четвртото место на табелата со три бода предност во однос на петтопласираниот Тотенхем, но и меч помалку во однос на „спарси“.

Се вчитува...