Имери пред дербито со Вардар: Пред Воска е многу тежок натпревар, но можеме до победата

Воска ќе го пречека Вардар во неделното големо дерби во Втората лига, меч што според одлуката на охридскиот тим ќе се одигра без присуство на публика.

Тренерот Берат Имери е свесен за значењето на овој дуел, порачувајќи им на своите избраници дека само со максимален ангажман од првата до последната минута може да стигне до посакуваниот резултат.

„Пред нас е многу тежок натпревар, меѓу два тима кои сакаат да стигнат до првото место и да обезбедат пласман во Првата лига. Ние се подготвувавме максимално за овој дуел и верувам дека со максимален ангажман на сите фудбалери можеме да стигнеме до трите бода. Мораме да бидеме внимателни, смирени, да играме добро и во нападот и во одбраната, да бидеме на ниво од првата до последната минута. Ако го исполниме сето ова, можеме да стигнеме до победата“, изјави Имери.

Се вчитува...