Новак Ѓоковиќ дефинитивно е предалеку од посакуваната форма на земјена подлога, откако прворангираниот светски тенисер по Монте Карло, прерано го заврши и настапот во Бања Лука.
Станува збор турнир на кој Новак важеше за апсолутен фаворит за трофејот, па навивачите останаа шокирани откако тој попладнево загуби со 0-2 во сетови од Душан Лајовиќ. 32-Годишниот Лајовиќ никогаш досега во кариерата го немаше совладано Новак, но тоа му успеа денеска, казнувајќи ги сите неискористени шанси на Ѓоковиќ.
Првиот сет мина во знакот на аутсајдерот, кој направи брејк и ја задржа предноста до самиот крај, добивајќи го со 6-4. Во вториот решавачки беше тајбрејкот, а во него Ѓоковиќ имаше предност од 6-3. И кога навивачите очекуваа израмнување, Ѓоковиќ влезе во серија грешки, имаше и промашен смеч при 6-6, за на крајот да загуби со 6-8 и со наведната глава да го напушти теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

