Ненад Димитријевиќ и Уникс не ја искористија првата шанса да го визираат пласманот во финалето од ВТБ-лигата откако го загубија денешниот дуел со Зенит со резултат 83-71. Уникс по овој пораз се уште има предност во оваа полуфинална серија од 2-1, во пресрет на неделното ново гостување во Санкт Петербург.
Денешниот трет меч мина во израмнета битка во првите три четвртини, во кои Зенит одржуваше минимална предност. Како пресуден се покажа стартот на четвртиот период, што дмоаќините го отворија со серија од 7-0, по што Уникс и покрај обидите за камбек не успеа целосно да се врати, па во самиот финиш негативата стигна до конечните „минус дванаесет“.
Македонскиот репрезентативец повторно одигра сосема солиден меч, реализирајќи 11 поени, седум асистенции и четири скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА