Партизан го осигура првото место во АБА-лигата во пресрет на плејофот од регионалното натпреварување, откако „црно-белите“ во драматична завршница славеа над Будуќност во Подгорица со резултат 82-83.
Избраниците на Жељко Обрадовиќ го контролираа резултатот во поголемиот дел од мечот, но самите се виновни што ја искомпликуваа ситуацијата во самата завршница. Имено, Будуќност имаше „минус четири“ на помалку од десет секунди до крајот, Грин се крена на тројка и погоди, а згора на тоа беше почетнички фаулиран од Папапетру, по што од линијата за слободни фрлања израмни на 82-82.
„Црно-белите“ се мачеа да ја уфрлат топката при последниот напад, а кога конечно го сторија тоа фаулиран бепе Пантер, кој од линијата за слободни фрлања ја донесе победата која значи и пол-позиција на стартот од плејофот.
Пантер со 14 и Лесор со 13 поени беа најефикасни во таборот на Партизан, додека прв стрелец на Будуќност во вечерашниот пораз беше Грин со 31 постигнат поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

